Неморална понуда од Њукасл за Сандро Тонали
Сандро Тонали се сели во Премиер лигата и следната сезона ќе игра за екипата на Њукасл. Трансферот на младиот фудбалер на Милан треба да биде завршен наскоро, откако тој ја прифатил понудата на Англичаните за плата од 10 милиони евра годишно, па сега се очекува само клубовите да се договорат меѓусебно.
Според инсајдерот Фабрицио Романо, англискиот клуб и играчот од средниот ред се блиску до договор кој ќе има важност до 2029 година. Италијанецот ќе заработува во Англија 8 милиони евра годишно, со можни дополнителни два милиони како бонуси.
Њукасл продолжува да разговара за трансфер обештетувањето со Милан. Последната понуда на Њукасл се свижи околу 70 милиони евра, но Милан и натаму инсистира на сума од 80 милиони евра.