Ненадејно хоспитализиран германскиот кошаркарски селектор

Селекторот на Германија, Алекс Мумбру од вчера е во болница поради здравствени проблеми. Германската кошаркарска федерација ја потврди информацијата за хоспитализација на Мумбру.
Во текот на вчерашниот ден 46-годишниот Мумбру е хоспитализиран како превентивна мерка откако претрпел акутна инфекција. Тој прима третман и се очекува за брзо време да закрепне, но не е јасно кога ќе може да се врати на работните обврски во репрезентацијата.
Шпанскиот кошаркарски стручњак сигурно ќе го пропушти првиот натпревар на Германија на Евробаскетот против Црна Гора. Во негово отсуство, помошникот Алан Ибрагимагиќ ќе ја преземе функцијата селектор.
Репрезентацијата на Германија утре од 15:30 ќе го има првиот свој настап на Европското првенство 2025.
Германците се во групата Б со Литванија, Финска, Велика Британија, Шведска и Црна Гора.