Неочекувана тренерска смена во Мемфис

НБА лигашот Мемфис изненадувачки го отпушти тренерот Тејлор Џенкинс на само две недели пред крајот на регуларниот дел од сезоната и покрај одличниот ефект од 44 победи и 29 порази и петтото место во Западната конференција.
Откако ја презеде функцијата главен тренер на Мемфис во јуни 2019 година, 40-годишниот Џенкинс забележа скор од 250-214, а оваа сезона тимот направи огромен позитивен чекор напред откако минатата година имаше само 27 победи наспроти 55 порази.
Одлуката на клупското раководство да му врачи отказ на Џенкинс доаѓа по петте порази во последните седум натпревари.
„Навистина го ценам придонесот на Тејлор за овој тим и овој град во изминатите шест сезони. Ова беше тешка одлука, со оглед на постојаниот и опиплив развој на нашите играчи и севкупниот успех под негово водство. На Тејлор му посакувам сè најдобро во иднина“, претседателот и генерален менаџер на Мемфис, Зек Клајман.