Нерес замина од Шахтхор без одиграна минута, Бенфика негова нова средина

Давид Нерес си заминува од Шахтјор Доњеск. Украинската лига е завршена и нема да продолжи, а сите странски играчи добија „зелено светло“ да преговараат со други клубови. Давид Нерес се договорил со Бенфика и со португалскиот клуб ќе потпише договор до 2027 година. Бенфика на Шахтјор за неговите услуги ќе плати 10 милиони евра.

Нерес не стигна ниту да дебитира за Шахтјор кој го доведе во јанаури од Ајакс за 12 милиони евра. Пред продолжувањето на украинското првенство започна инвазијата на Русија и не беше можно да се игра фудбал во таква состојба.