Несторовски: Во Италија забораваат дека јас и Трајковски во Палермо сме како дома

Илија Несторовски кој е член на Удинезе зборуваше пред баражот за Светското првенство кој Италија и Македонија ќе го играат на 24. март од 20:45 часот.

Несторовски помина три години во Палермо каде што беше и капитен, па на стадионот на кој него му е добро познат Македонија ќе ја чека нов предизвик. Несторовски поради повреда го пропушти Европското првенство, Нестор ги скина лигаментите неспоредно пред почетокот на големиот настан и паузираше седум месец.

„Италијанците не го избраа Палермо случајно, потребна им е жешка публика каква што има на Сицилија. Но во ФИГЦ заборавија дека на тој стадион јас и Трајковски сме како дома, а веќе и дававме голови на Италија. Сите опции се отворени, ова  еден натпревар во 90 минути и се може да се случи“, изјави Несторовски.

Тоа што не настапи на Европското првенство за него е поголема мотивација.

„Италија можеби сака на Мундијалот, но јас сакам повеќе затоа што го пропуштив Европското првенство. После натпреварот ќе испратам порака за сите во Палермо, дотогаш ќе бидам нивни противник“, додаде напаѓачот.