Несторовски заминува од Удинезе во зимскиот преоден рок?

Илија Несторовски месецов за првпат по долга пауза од 20 месеци заигра на пријателските натпревари за Македонија. Медиумите во Италија сега пренесуваат дека Нестор може да го промени клубот во јануари.

Информациите на „Ил Месанџер Венето“ се дека Специја веќе остварила контакт и се распрашувала за можен трансфер на македонскиот напаѓач. Несторовски по хиерархија е четврти напаѓач во Удинезе, па не е невозможно клубот да се откаже од неговите услуги во јануари.

Не добива сериозна минутажа, но сепак успеа да постигне гол во поразот на Удинезе од 3-2 против Наполи пред паузата за Светското првенство. Тренер на Специја е Лука Готи со кого Несторовски соработуваше во Удинезе.

Специја сака да го засили нападот за вториот дел од сезоната откако во првиот по 15 натпревари во Калчото е над опасната зона со 13 бодови од 14 натпревари.