Нејмар во Интер – Шпекулација или нешто конкретно?

Во италијанските медиуми се појавија шпекулации дека Бразилецот Нејмар би можел да се пресели во редовите на Интер, но „нераѕурите“ веднаш реагираа и ја отфрлија таа можност.

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, во интервју за „Кориере дело Спорт“ остро ги демантираше ваквите информации.

Нејмар веќе еден месец се рехабилитира од повреда и извесно е дека до крајот на октомври нема да се врати на терените, што дополнително ги потхрани шпекулациите за негова можна промена на клубот.

„Нејмар во Интер? Тоа се апсолутни глупости! Никогаш не сме разговарале на таа тема, ниту сме испратиле понуда. Се обидовме со Лукман, но дојде напредокот на Еспозито и Бони. Го следевме и Хојлунд. Гасперини е голем тренер“, изјави Аусилио.

Во истиот разговор, директорот откри и дека летово добил понуда од Ал Хилал, клуб во кој замина поранешниот тренер на Интер, Симоне Инзаги.