Нејмар заминува на операција, го чека пауза од десет месеци

Бразилскиот напаѓач Нејмар ќе оди на операција во текот на утрешниот ден. Да се потсетиме дека Бразилскиот напаѓач претрпе повреда на левото колено во квалификациите за СП 2026 на натпреварот со Уругвај (0:2).

Веднаш му беше дијагностицирано со оштетување на предниот вкрстен лигамент, како и раскинат менискус. Неговиот клуб Ал-Хилал објави дека на фудбалерот му предложиле да оди на операција во Париз, но Нејмар самиот сака да биде опериран од страна на лекарот на Бразилскиот национален тим  Родриго Ласмар. Оваа операција се очекува да биде реализирана во Бело Хоризонте во текот на денешниот ден.

Се проценува дека играчот за санирањето на повредата ќе треба да паузира околу десет месеци.