Нејмар заработи повреда на скочниот зглоб

Фудбалерот на Париз Сен Жермен, Нејмар, заработи повреда при крајот на дерби натпреварот против екипата на Сент Етјен кој заврши со победа на Парижаните со 3:1.
Бразилецот во 87.минута од натпреварот го свитка скочниот зглоб на левата нога и мораше на носилки да биде изведен надвор од теренот.
Од клубот од Париз сеуште нема официјална информација околу сериозноста на повредата и дали Нејмар ќе биде приморан да отсуствува во наредните натпревари на својот тим.