Нејмар најави враќање во матичниот клуб
Фудбалскиот состав Сантос сака да го ангажира Нејмар, призна лично претседателот, Марсело Тешеира.
Бразилскиот интернационалец ја реализира првата година во дресот на Ал-Хилал. Тој има договор до 2025-та но, ќе мора го пропушти остатокот од сезоната во Саудиска Арабија поради операција по повредата на коленото.
„Имавме многу брз разговор со Нејмар, обично брзите разговори имаат добар ефект. За да се врати кај нас и да игра за Сантос, прво мора да се опорави од повредата“, изјави претседателот на бразилскиот клуб.