Нејмар најкритикуван, Почетино размислува да го седне на клупа
Навивачите на ПСЖ не се задоволни од игрите на Бразилецот Нејмар и бараат тој да седне на клупата за резерви а неговото место да го добие Мауро Икарди.
Во анкетата на реномираниот – „Лекип“, дури 67 проценти од фановоите на „светците“ одговориле дека напаѓачот треба да биде резерва додека 28 проценти се изјасниле дека треба да игра во првиот тим.
Нејмар во тековнава сезона одигра пет средби во домашното првенство со само еден гол додека во Лигата на шампионите во првите две кола не успеа да се запише во листата на стрелците.