Нејмар на тренинг пристигна со својот хеликоптер

Играчот на Париз Сен Жермен, Нејмар, во тренинг кампот на бразилската репрезентација пристигна со хеликоптер.
Неговиот хеликоптер е од марката Мерцедес и истиот е брендиран и персонализиран по негова желба. Нејмар за оваа „играчка“ мораше да издвои 12 милиони долари.
Бразилецот често го користи ова превозно средство кога е во родниот Бразил, за да ги избегне метежот и притисокот од неговите фанови.