Нејмар низ болка до хет-трик: Сантос бегa од зоната за испаѓање

Frontview of Neymar playing for Santos

Нејмар Жуниор со блескав хет-трик во второто полувреме го водеше Сантос до победа од 3:0 над Жувентуде, исфрлајќи го клубот два бода над опасната зона во бразилската лига, само едно коло пред крајот. Иако лекарите му препорачаа пауза поради сериозна повреда на менискусот, 33-годишната ѕвезда реши да ризикува, и го одлучи мечот за само 17 минути. Прво погоди од контра во 56. минута, потоа прецизно заби со глава на центаршут од Игор Винисиус и од пенал го комплетираше својот прв хет-трик по повеќе од три години, пред да биде заменет во 83. минута.

Играјќи повреден, Нејмар веќе три натпревари по ред е одлучувачки, со голови и асистенции кои целосно ја променија завршницата на сезоната за Сантос. Слично храбро издание имаше и во победата над Спорт Ресифи (3:0), кога и покрај болката запиша гол и асистенција. Сантос сега е 15-ти, два бода пред Виторија, која има меч помалку, а дуелот со Крузеиro во недела на „Вила Белмиро“ ќе биде директна борба за опстанок, победа значи сигурно останување во првата лига.

Подвигот го разбуди духот на „Менино Неј“ од деновите кога првпат блесна во дресот на Сантос. Додека навивачите слават и веруваат дека токму овој хет-трик ќе биде пресвртницата во битката за опстанок, останува прашањето колку ќе го чини телесно ова пожртвувано враќање. Но за клубот што го издигна, Нејмар токму сега ја игра најемотивната и најзначајната улога по своето враќање.