Нејмар објави дека нема повеќе да игра за Бразил

По поразот од Норвешка со 2-1 и елиминацијата на Бразил од Мундијалот, најголемата ѕвезда Нејмар објави крај на својата репрезентативна кариера. Најдобриот стрелец на сите времиња во бразилската репрезентација, оваа вест ја објави веднаш по натпреварот каде ги одигра последните минути за Селесао.
„Се обидов повторно и повторно. Се започна на овој стадион и заврши тука. Сега е веќе крај“, изјави Бразилецот.
Принцот кој никогаш не стана крал од 2010 година настапуваше за Кариоките. Своето име го запиша на 130 настапи каде постигна 80 гола и 59 асистенции. Во жолтиот дрес, успеа да го освои купот на Конфедерации во 2013 и Олимписките игри во Рио 2016 година.
Светското првенство во 2026 му беше последна шанса да ја донесе „божицата“ дома, но не успеа. И покрај тоа што Мундијалот остана само сон, Нејмар заминува во пензија како еден од најголемите виртуози кои го претставувале Бразил на светската сцена.