Нејмар останува, но Мбапе го напушта Париз, а позната е и цената!
Летниот трансфер рок може да донесе повеќе измени во ростерот на Маурисио Покетино, откако Килијан Мбапе одби нов договор и одолговлекува во целиот процес на преговори.
Последната најава од Франција е дека Мбапе, кој има договор со ПСЖ до јуни 2022. година е достапен за трансфер, но за 200 милиони евра.
Мбапе, кој ја декласираше Барселона на „Камп Ноу“ е трансфер цел на Реал Мадрид и на Ливерпул, очекува плата од половина милион евра неделно, плус бонуси.
Се верува дека Нејмар наскоро ќе го продолжи договорот со ПСЖ до јуни 2026. година, а во случај Мбапе да си замине, извесно е дека Меси ќе пристигне во Париз, тврдат дел од медиумите во Франција.