Нејмар пак се повреди, но ќе биде спремен за Мундијалот

Сантос доби лоши вести откако добија информација дека Нејмар заработи повреда на листот на ногата, потврдија бразилските медиуми.
Станува збор за лесна повреда на десниот лист со оток, но лекарскиот тим уверува дека ситуацијата не е сериозна и дека закрепнувањето оди според очекуваното.
Клупскиот доктор Родриго Зогаиб изјави:
„Нејмар има лесна повреда на десниот лист со оток. Според нашиот план, рехабилитацијата ќе му овозможи да биде подготвен веќе следната недела, кога ќе се приклучи на националниот тим.“
Според најавите, напаѓачот би требало да биде подготвен за настап со репрезентацијата на Бразил во многу брз рок.