Нејмар раскинува со Ал Хилал и се враќа во Сантос

Се погласни се најавите дека Нејмар ќе ја напушти Саудиска Арабија во 2025 година. Претходно се пишуваше за враќање во Барселона или преселба во Интер Мајами кај Меси и останатите екс-соиграчи од каталонскиот гигант.
Меѓутоа сега се најавува дека Нејмар ќе се врати во Бразил во неговиот Сантос и ќе ја носи „десетката“ на Пеле.
Од кога е на операција и рехабилитација од повредата поради која ја заврши сезоната, Нејмар често ги следи натпреварите на Сантос. Нема дилеми дека навивачите сонуваат за вакво сценарио и според медиумите во Бразил тоа не е невозможно.
Сепак, треба да се почека да се види дали и навистина може да се реализира. Ќе потсетиме, Нејмар го напушти Сантос во 2013 година кога во Барселона ја започна својата европска авантура.