Нејмар се согласил на нов договор со ПСЖ

Нејмар пред четири години ги сруши сите рекорди бидејќи за неверојатни 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ. Бразилецот во каталоскиот клуб играше четири години и освои се што можеше, а потоа ги изненади сите со одлуката да се пресели во Париз. ПСЖ тогаш ја активира откупната клазула од 222 милиони евра без никакви преговори со Каталонците. Барсе потоа се обиде да го врати Нејмар и тој сакаше да се врати, но од тоа не испадна ништо. Нејмар сега тврди дека е среќен во ПСЖ и е подготвен да го продолжи договорот кој му истекува следното лето.