Нејмар: Јас и Меси минавме низ пекол во ПСЖ

Нејмар го нападна својот поранешен клуб Пари Сент Жермен.

Нејмар пред неколку седмици се пресели во Саудиска Арабија во дресот на Ал-Хилал, а сега открива дека поминал низ пекол во Париз.

Во интервју за бразилскиот „Глобо еспорте“ Нејмар зборуваше и за својот пријател Меси, со кого заедно ова лето го напуштија ПСЖ.

„Бев многу среќен за неговата година, но во исто време и многу тажен, бидејќи тој ја живееше и другата страна на паричката. Отиде до рајот со Аргентина, освои што можеше во последните години, а во Париз преживуваше пекол, и тој и јас“, вели Нејмар.

Меси и Нејмар беа исвиркувани од навивачите по елиминацијата во Лигата на шампионите последните две години, а ултрасите на ПСЖ неколку пати оваа сезона со транспаренти пратија погрдни пораки кон двајцата.

„Секако дека тоа не вознемируваше, бидејќи не бевме таму за да не правиме ништо, туку да го дадеме најдоброто, да бидеме шампиони, да се обидеме да напишеме историја. За жал, не успевме во тоа“, вели Нејмар.