Нејмар: Ќе останам во ПСЖ дури и да не ме сакаат

Напаѓачот на францускиот ПСЖ, Нејмар изјави дека планира да остане во парискиот клуб и покрај тоа што навивачите не го сакаат.

„Се надевам дека ќе останам во ПСЖ и следната сезона. Имам договор со овој тим, а никој ништо друго не ми кажал. Дури и ако навивачите не ме сакаат, јас ќе останам во ПСЖ, со или без љубов“, рече Нејмар во видео обраќањето  на каналот „CazeTV“ на YouTube. Претходно во медиумите се појави информација дека Нејмар би можел да го напушти ПСЖ.

На крајот од минатата сезона, во близина на домот на бразилскиот напаѓач во Париз се собраа дел од навивачите на ПСЖ, барајќи тој да го напушти клубот. Договорот на 31-годишниот Нејмар со ПСЖ е со важност до јуни 2025 година.