Нејтан Џонс е нов тренер на Саутемптон

Англиските медиуми ја потврдија веста дека премиерлигашот Саутемптон за нов тренер на екипата го назначи Нејтан Џонс. 

49-годишниот Џонс претходно го водеше тимот на Лутон, а со Саутемптон ќе потпише долгорочен договор. Тој на клупата на англискиот клуб ќе го замени Австриецот Хазенхитл кој беше отпуштен во понеделникот после слабите резултати во оваа сезона.

Саутемптон во моментот го зазема 18.место во Премиер лигата со освоени 12 бода, и се наоѓа во зоната за испаѓање.