Не го сакаше Милан, но е доволно добар за Барса!
Андре Силва е голема желба на Барселона за следниот трансфер период, открива германски Билд. Португалскиот напаѓач блеска во дресот на Ајнтрахт сезонава, во 24 натпревари во Бундеслигата има 21 погодок и е втор стрелец во лигата со Ерлинг Халанд. Силва пред четири години од Порто премина во Милан за 38 милиони евра, но во Италија не се снајде, па прво беше на позајмица во Севиља, а потоа и продаден на Франкфурт како дел од трансферот на Анте Ребиќ. Билд наведува дека 25-годишниот Силва е желба на Барса бидејќи претходно веќе настапувал во Шпанија и знае каков е шпанскиот фудбал. Во 41 настап за Севиља постигна 11 погодоци. Се верува дека каталонскиот клуб би можел да го купи за 40 милиони евра, но Барселона ги нема тие средства, па најпрво ќе треба да продаде неколку играчи.