Не загуби ниту еден натпревар, но заработи отказ во Саудиска Арабија
Роби Фаулер доби отказ од функцијата менаџер на клубот од Саудиска Арабија, Ал Кадсија и покрај тоа што клубот немаше пораз од почетокот на сезоната во Втората лига на оваа земја.
Саудискиот второлигаш ја објави веста на социјалните мрежи, заблагодарувајќи му се на поранешниот англиски репрезентативец за неговата работа откако беше поставен како менаџер летово. Речиси веднаш по објавувањето на заминувањето на Фаулер, Кадсија потврди дека негов наследник ќе биде поранешниот напаѓач на Реал Мадрид ина селекцијата на Шпанија, Мичел.
Фаулер (48) ја предводеше Ал Кадсија до шест победи и две нерешени средби на осумте првенствени натпревари, а неговиот единствен пораз беше во Купот на кралот против Ал Тавон.