Не помина договорот за странски инвестиции во германскиот фудбал
Германските фанови жестоко протестираа во изминатите две недели и прекинаа низа натпревари поради најавите кои пристигнаа од Федерацијата, односно информациите дека фудбалските лиги во оваа земја ќе добијат финансиска помош од странски инвеститори.
Носејќи се по традицијата, германските фанови го доживеаја ова како огромна навреда и на разноразни стадиони видовме прекини со фрлени тениски топчиња и играчки на терените, а бидејќи со тоа почна да се нарушува угледот на Бундеслигата, германската Федерација сега направи чекор назад.
Германските фанови ја добија битката со Федерацијата и ги принудија одговорните лица да ги откажат преговорите за влез на странски инвестициски фонд во германскиот фудбал.
„Договорот со странскиот инвестициски фонд е мртов“, – изјави претседателот на лигашкиот комитет во Германија, Ханс Јоаким Вацке, по што со официјално соопштение се јавија и од Федерацијата.
„Успешното продолжување на процесот за инвестиции веќе не изгледа возможно со оглед на актуелните случувања. И покрај тоа што има големо мнозинство за претприемачката неопходност на стратешкото партнерство, германскиот професионален фудбал е во средината на тестот кој се одвива не само во рамките на лигата меѓу клубовите, туку и делумно во клубовите помеѓу играчите, тренерите, клупски функционери, надзорни одбори, генерални состаноци и слично. Навивачките заедници предизвика големи спорови, кои се повеќе ги загрозуваат фудаблските натпревари, а со тоа и интегритетот на натпреварувањето. Одржливоста на успешното склучување договор во однос на финансирањето на 36-те клубови повеќе не може да се гарантира со оглед на околностите кои настанаа,“ гласи соопштението.