Николас Пепе не е дел од плановите на Артета во Арсенал
Францускиот напаѓач Николас Пепе беше најскапото засилување на Арсенал до доаѓањето на Деклан Рајс од Вест Хем. Во 2019 година лондонскиот клуб го донесе од Лил за 80 милиони евра. Пепе денес има 28 години и е малку заборавен. Последниот натпревар за англискиот клуб го одигра во август од минатата година, а потоа беше испратен на позајмица во Ница.
Тој не импресионираше на враќањето во Франција, каде што постигна осум гола и покрај проблемите со повреди во текот на сезоната, а Микел Артета сега одлучи да не го однесе на претсезонската турнеја на Арсенал. Англиските медиуми пишуваат дека ова е сигурен знак дека тој заминува. Неговиот договор истекува за една година, а неговата вредност е 18 милиони евра.
На десното крило, која е идеалната позиција на Пепе, во Арсенал е зацементиран младиот Англичанец Букајо Сака, кој игра феноменално во изминатите две сезони. Во добра форма на крилните позиции се и Мартинели, Тросард и Реис Нелсон.