Никола Влашиќ позајмен на Торино
Фудбалерот на Вест Хем и хрватски репрезентативец Никола Влашиќ, следната сезона ќе настапува за екипата на Торино како позајмен играч.
Никола Влашиќ во Вест Хем пристигна минатата сезона од ЦСКА Москва за сума од 30 милиони евра, но тој не се снајде баш најдобро во најсилната фудбалска лига.
Со неговото заминување во Торино, Влашиќ се надева дека ќе ја подобри својата форма и ќе го задржи местото во репрезентацијата на Хрватска за претстојниот Мундијал во Катар.