Никола Максимовиќ потпиша за хрватски третолигаш

Поранешниот српски репрезентативец Никола Максимовиќ, кој во еден период на кариерата беше проценет на 18 милиони евра и го носеше дресот на Наполи и Црвена звезда, направи неочекуван потег и потпиша за хрватскиот третолигаш Кустошија.
Максимовиќ има богато искуство зад себе со настапи за Ц. Звезда, Торино, Наполи, Џенова и Спартак Москва, а летово беше слободен играч откако му истече договорот со француски Монпелје. Наместо нов предизвик во елитниот европски фудбал, искусниот дефанзивец одлучи кариерата да ја продолжи во Хрватска.
Тој веќе стави потпис на едногодишен договор со Кустошија и ќе остане таму до крајот на сезоната.
Овој клуб по шест одиграни кола има 11 освоени бодови и во моментов се наоѓа на петтото место на табелата.