Никола Миленковиќ потпиша за Фиорентина

Одличниот српски дефанзивец, Никола Миленковиќ ја напушти Серија А и кариерата ја продолжува во англиската Премиер лига каде што ќе го носи дресот на Нотингем Форест.
Миленковиќ цели седум години беше дел од Фиорентина и во тој период стана еден од најценетите дефанзивци во Италија.
За Фиорентина настапи на 263 натпревари и во нив успеа да постигне 17 погодоци. Како најголем клупски успех може да се истакнат двете финалиња во низа во Конференциската лига.
Договорот кој го потпиша со Нотингем е со важност на пет години.