Никола Ѓоргиев со победа тргна во Карловарско

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Никола Ѓоргиев ја оствари првата победа со својот нов клуб Карловарско. Нашиот репрезентативен капитен ги одигра првите минути во дресот на лидерот во чешката Екстралига, каде го доби дресот со број 1.
Викендов Карловарско на домашен терен славеше над екипата на Усти над Лабем со 3:1. Ѓоргиев по есенскиот престој во романски Рапид, во вториот дел од сезоната го облече дресот на чешкиот тим со кој ќе се бори за нова шампионска титула во својата долгогодишна интернационална кариера.