Никола Ѓорѓиев шампион на Чешка во одбојка

Капитенот на машкиот национален тим, Никола Ѓоргиев и неговиот тим Карловарско се новите шампиони во чешкото првенство. Во „мајсторката“ од финалната серија синоќа Ѓоргиев и неговите соиграчи со 3-0 (25-22, 25-15, 25-18) ја победија Прага и со 3-2 во победи го кренаа шампионскиот пехар.

Во решавачкиот натпревар во Карлови Вари, Карловарско беше на врвот на задачата и доминираше во текот на целиот дуел.