Никола Јокиќ испишува историја во НБА

Актуелниот МВП на НБА лигата, Никола Јокиќ, забележа историски резултат во дресот на Денвер. Србинот е првиот играч кој во регуларниот дел од сезоната успеал да забележи 2.000 поени, 1.000 скока и 500 асистенции.
Денвер успеа да оствари победа против тимот на Мемфис со резултат 122:109 и го зазеде шестото место во Западната комнеренција. Центарот Јокиќ имаше скор од 35 коша, 16 скокови и 6 асистенции.