Никола Јокиќ и „Сомборскиот танц“ (видео)

Никола Јокиќ по којзнае кој пат сезонава ја воодушеви НБА лигата. Импресивно го одведе Денвер до тесна победа против Мемфис со 103:102.
Тој покажа зошто е кандидат за МВП во најсилната светска лига. Беше најдобар стрелец (28) и скокач (15), па втор најдобар асистент (7) на натпреварот, но победата на својата екипа ја сочува со потег во одбраната.
Три секунди пред крајот, Џа Морант тргна кон кошот како би постигнал погодок и да донесе победа на Мемфис, но во тоа го спречи Јокиќ. Мемфис бараше фаул, но не го доби. Судијата по натпреварот објасни дека ништо не досуди бидејќи Јокиќ „го дочека противникот и го спречи со вертикален скок во дозволена акција во одбрана.“
Пред тоа, Јокиќ во завршницата ги постигна последните пет поени за Денвер и на тимот му доведе минимална предност.
Сето ова Јокиќ го направи откако го напушти теренот поради повреда, во третата четвртина го напушти паркетот држејќи се за глуждот со болна гримаса.
Меѓутоа, набрзо се врати, а акцијата која со кош ја заврши на овој натпревар неговиот клуб ја нарече „Сомборски танц“.