Никола Јокиќ ја проби границата од 15.000 поени
Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ одигра натпревар кој долго ќе се памети во победата на неговата екипа Денвер од 121-132 на гостински терен кај Јута.
Србинот го заврши мечот со 36 поени, 22 скока и 11 асистенции, што е негов 143-ти трипл-дабл во НБА лигата, а воедно ја помина и границата од постигнати 15.000 поени.
Уште еден кошаркар на Денвер имаше трипл-дабл на овој меч, Расел Вестбрук, кој натпреварот го заврши со 16 поени и по 10 асистенции и скокови.
Трипл-дабл ефектот за Јокиќ против Јута беше 23-ти во 2024 година, но и четврти во кариерата со ефект 35+, 20+ и 10+, што го искачи на второто место на вечната листа според овој показател.