Николов: Ако сме максимално фокусирани, нема да имаме проблем со Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 8 октомври ќе гостува кај селекцијата на Лихтенштајн во рамките на квалификациите за Мундијалот во Катар. Нашиот интернационалец, Боби Николов, вели дека со максимална сериозност треба да влеземе во натпреварот.

„Денеска секој може секого да победи. Ние сме поквалитетни од нив и за тоа не треба да се зборува. Ако сме 100% фокусирани мислам дека нема да имаме проблем. Благоја Милевски  добро го познавам, со него соработував пет години. Има негов стил на работа и секогаш оди до крај. Со победа во Лихтенштајн, па зошто да не и против Германија, би имале големи шанси за пласман на Светското првенство“, изјави нашиот репрезентативец.