Николов: Да изгинеме за секоја топка и да покажеме карактер

Македонија против Литванија, и тоа два пати во рок од четири дена во овој ноември.

Два натпревари кои ќе дадат можеби не и конечен одговор , ни кои ќе стане и (по) јасно кои се вистинскит еквалитети на нашиот национален тим во овој момент, втор дел о квалификациакиот циклус.

Кристијан Николов не беше дел до февруарскиот циклус, но сега е на располагање на стручниот штаб, за онаа примарна позиција во тимот, плејмејкерската.

„Тешко е сега да се прогнозира дали ќе се пласираме на Европското првенство, бидејќи секој натпревар е посебна приказна и не знаеме кој ќе игра, а кој не. Ги имаме Нено и Шортс кои играат во Евролигата и кога би биле тие тука, тоа ќе биде друга приказна. Допрва ќе ги анализираме и Литванците, знам дека и тие нема да бидат комплетни што ќе биде многу тешко за скаутинг, имаат и нов селектор, па ќе видиме што ќе се случи“, вели „повратникот“ во нашиот национален тим.

Јасно е дека пред себе имаме квалитетен противник кој во претходните два натпревари, неочекувано загуби од Естонија, а беше подобар од Полска, селекција која има обезбедено пласман на Евробаскетот како еден од четирите ко-организатори на европската смотра на кошарката.

„На нас останува да дадеме се од себе, на нас е да изгинеме за секоја топка и да покажеме карактер, а останатото веројатно ќе дојде. Знам дека секој од моите соиграчи ќе извади максимум од своите сили и се надевам на позитивен резултат“, рече кошаркарот на турскиот Пицабулс Џеди Осман.

Македонија игра против Литванија во четврток навечер, од 18.часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, со директен пренос на спортскиот канал „Sport Klub 4HD“.