Николов по една сезона заминува од ФЦСБ

Бобан Николов одлучил да бара нов клуб откако го раскинал договорот со ФЦСБ, тврди романскиот „Про Спорт“.

Сопственикот на клубот, контроверзниот Џиџи Бекали не сакал да слушне за продолжување на соработката, па двете страни се договориле Николов да го прекине договорот на еден месец пред крајот и сега има право да си бара нов средина.

Ваквата ситуација беше и очекувана затоа што Николов подолг период е незадоволен од минутажа која ја добива во клубот, иако му било дадено ветување дека клубот ќе смета на него.

Николов токму поради тоа ветување во јануари одбил трансфер во Шпанија, а сезонава вкупно одигра само 11 натпревари во првенството и два во националниот Куп.