Николов со гол првенец во Лигата на шампиони

Членот на македонската фудбалска репрезентација, Бобан Николов постигна гол за Шериф Тираспол на гостувањето против Шахтјор во Лигата на шампиони.

Нашиот Николов влезе на натпреварот во второто полувреме кога резултатот беше 1:0 за домаќинот Шахтјор и може да се каже дека прикажа солидна игра во тимот на Шериф, која на крајот од натпреварот ја круниса со постигнување на гол за израмнување 1:1.

Тој во самиот финиш на натпреварот, односно во третата минута од судиското продолжување, прими топка пред противничкиот гол и со вешт удар успеа да ја смести во голот Шахтјор.

Бобан Николов и екипата на Шериф Тираспол, своето учество во Лигата на шампионите го заврши на третото место во групата Д, зад гигантите Интер и Реал Мадрид, со што обезбеди пласман во Лига Европа.