Нико Вилијамс ќе решава за својата иднина по Европското првенство
Фудбалскиот репрезентативец на Шпанија, Нико Вилијамс, вели дека нема намера да размислува за наредниот чекор во неговата кариера додека тече Европскиот шампионат во Германија.
„Фуријата“ во втората елиминациска фаза ја очекува мега-пресметка со домаќинот. Мечот ќе биде одигран на 5 јули.
„Му кажав на мојот агент дека не сакам да слушам ништо за тоа додека трае еврото“, изјави крилниот напаѓач на Атлетик Билбао.