Ник Калатес ќе го засили Олимпијакос

Грчкиот кошаркар Ник Калатес наскоро би можел да стане играч на најголемиот ривал, Олимпијакос, со што сигурно ќе биде мета на навивачите кои нема да го оправдаат ова „предавство“.
Калатес има богата кариера зад себе, тој е најдобар асистент во историјата на Евролигата, а претходно двапати настапуваше за Панатинаикос.