Ниту Борусија Дортмунд не го сака Џејдон Санчо

Џејдон Санчо е во центарот на вниманието откако влезе во конфликт со тренерот Тен Хаг и сака да го напушти Манчестер Јунајтед.

Англичанецот влезе во расправија со тренерот Тен Хаг и јасно е дека нема да добива голема минутажа, па е спремен да ја промени средината. Најсилен интерес за него покажуваше Борусија Дортмунд, каде што ја доживеа својата афирмација, а самиот Санчо сака да се врати и да ја „оживее“ својата кариера.

Дортмунд сакаше да го доведе Санчо во јануари, но преговорите се во застој, бидејќи „милионерите“ се загрижени за неговата дисциплина.