Нишикори го откажа учеството на Ролан Гарос

Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори, кој беше четврти рекет на светот и финалист на Отвореното првенство на САД во 2014 година, нема да учествува на Грен слемот во Париз годинава.
Претходно на турнирот АТП-250 во Женева, Нишикори не можеше да го заврши натпреварот од второто коло против 24-тиот светски тенисер, Русинот Карен Качанов, поради проблеми со долниот дел од грбот.
Во првото коло од Ролан Гарос 2025, Нишикори требаше да игра против Шпанецот Карлос Алкараз, четирикратен шампион на Гренд слем турнирите и второпласиран тенисер во светот.
Наместо Јапонецот, на турнирот ќе учествува среќниот губитник Џулио Зепиери од Италија.
Отвореното првенство на Франција во 2025 година ќе се одржи од 25 мај до 8 јуни.