Нкунку е најдобар фудбалер во Бундеслигата

Германскиот магазин Кикер, пренесува дека фудбалерот на Лајпциг и француски репрезентативец, Кристофер Нкунку е прогласен за најдобар играч во Бундеслигата за минатата сезона, по избор на германските спортски новинари.

Францускиот напаѓач на првото место доби 134 бода, втор беше Роберт Левандовски со 128, а третото место му припадна на голманот на Ајнтрахт, Кевин Трамп.

Нкунку минатата сезона во Бундеслигата одигра 34 натпревари, постигна 20 гола и имаше 13 асистенции.