Нкунку на радарот на Гвардиола и Сити

Манчестер Сити покажува сериозен интерес за напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, пренесуваат медиумите на Островот. 23-годишниот Французин игра одлично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Нкунку од почетокот на сезоната има постигнато 9 гола и 5 асистенции на 14 меча за Лајпциг. Нкунку е дете на ПСЖ и пристигна во Лајпциг во 2019 година, каде има договор на уште три години.
Гвардиола е во потрага по квалитетен напаѓач и смета дека Французинот идеално ќе се вклопи во неговата формација.