Нкунку не е сериозно повреден, наскоро се враќа на терените

Медиумите во Англија објавија дека повредата на бутот на ногата на фудбалерот на Челзи, Кристофер Нкунку, не е толку сериозна иако првичните проценки го најавија спротивното.
Според информациите, напаѓачот ќе продолжи со тренинзите и веројатно ќе биде достапен за реваншот од полу-финалето на Карабао купот против Мидлсборо на 23 јануари.
Нкунку ги пропушти првите четири месеци од сезоната поради повреда на коленото и досега има само еден настап во Премиер лигата.