Нкунку од РБ Лајпциг е прв пик за наследник на Салах
Многу реакции во англиската јавност предизвикува одолговлекувањето на потписот на новиот договор на Салах со Ливерпул. Дека работите не одат во добра насока потврди и Јирген Клоп во своите изјави пред медиумите, па сега како реална можност изгледа Салах да го напушти „Енфилд“.
Токму поради таквата ситуација во Ливерпул веќе размислуваат и на фудбалери кои би можеле да го наследат напаѓачот. „ЕСПН“ пренесува денес дека желба на Клоп е фудбалерот на Лајпциг Кристофер Нкунку.
Французинот игра одлично во дресот на германскиот клуб, постигна 15 голови во Бундеслигата оваа сезоан и уште седум во Лигата на шампионите. Освен головите 24 годишниот фудбалер е одличен и во улогата на асистент, Нкунку запиша дури 15 асистенции оваа сезона.
Она што може да биде проблем за Ливерпул е интересот за Нкунку од неколку големи европски клубови, како што се ПСЖ, Реал, Баерн, Јунајтед…Нкунку има договор со Лајпциг до 2024 година и германскиот клуб сигурно нема да го пушти за помалку од 70 милиони евра.