Нкунку останува во Лајпциг до 2026 година
Францускиот фудбалер Кристофер Нкунку го продолжи договорот со својот актуелен клуб РБ Лајпциг до 2026 година.
Нкунку е член на Лајпциг од 2019 година, и минатата сезона тој беше прогласен за најдобар напаѓач во германската Бунделсига, постигнувајќи 20 гола.
Претходно постоеја многу шпекулации во врска со неговото заминување од Лајпциг и премин во клуб од Премиер лигата или негово враќање во ПСЖ.
Нкунку во март оваа година дебитира за репрезентацијата на Франција, за која досега одигра шест натпревари.