Нкунку после пауза од три месеци повторно тренира со Лајпциг

Фудбалерот на Лајпциг Кристофер Нкунку, после пауза од скоро три месеци поради повреда на коленото, повторно се врати на тренинзите со екипата.

Нкунку се повреди на 15.ноември, поради што го пропушти настапот за Франција на Светското првенство во Катар. Францускиот напаѓач тренираше со своите соиграчи од Лајпциг, но уште не е познато кога точно ќе биде подготвен за натпревари.

Германските медиуми тврдат дека Нкунку би требало да се најде во тимот на Лајпциг за првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони со Манчестер Сити.

25-годишниот Нкунку е член на Лајпциг од 2019.година. а претходно играше за Париз Сен Жермен.