Ноа Лајл постави светски рекорд на 150 метри

Американскиот спринтер Ноа Лајлс постави нов светски рекорд во трката на 150 метри на митингот во Острава, кој не е регистриран како официјален од Светската атлетска федерација.
Лајлс ја истрча патеката од 150 метри за 14,67 секунди, што е нов светски рекорд. Втор беше Синесипо Дамбиле од Јужна Африка со 14,78, додека трет беше младиот Гаут Гаут од Австралија со 14,96 секунди.
Тие не учествуваа во трката на 100 метри, во која Бајанда Валака од Јужна Африка победи со време од 9,94 секунди, Емануел Есеме од Камерун беше втор со 9,99, а Таимир Бурнет беше трет со 10,13 секунди.