Новак повторно во проблеми ! Итно соопштение од организаторите на Индијан Велс
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се најде на прелиминарниот список за Мастерс 1000 турнирот во Индијан Велс кој на програмата е од 7 до 20 март.
Покрај Србинот, пријавени се и Данил Медведев, Александар Зверев и Рафаел Надал, загарантиран голем спектакл, но со едно големо „но“ …
Имено, САД бараат сите странци да се вакцинираат за да патуваат со авион на територијата на оваа земја. Постојаните жители и оние со американска имигрантска виза не мора да се вакцинираат за да влезат во земјата.
Покрај ова, постојат уште неколку здравствени исклучоци кои дозволуваат невакциниран човек да влезе во САД, но со оглед на проблемите што ги имаше Ѓоковиќ во Австралија, не е јасно што и како би можело да му помогне во овој поглед.
Се огласија и организаторите на Индијан Велс. кој даде уште неколку детали за протоколот кој ќе важи на првиот Мастерс во сезоната.
Бидејќи здравјето и безбедноста се главен приоритет, турнирот ќе бара валиден доказ за целосна вакцинација за влез во тенискиот комплекс Индијан Велс. Насоките за играчите се регулирани со протоколите воспоставени од ВТА и АТП и ограничувањата наметнати од САД во однос на статусот на вакцинација на меѓународните патници кои влегуваат во земјата…“, се наведува во соопштението на турнирот. За потсетување, Ѓоковиќ и Федерер се рекордери со по пет титули од Индиски Велс.