Новак Ѓоковиќ со рекордна заработувачка од 160 милиони долари

Покрај рекордот по бројот на освоени титули, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, со освојувањето на завршниот АТП трофеј во Торино, оствари и два финансиски рекорди.

Ѓоковиќ за победата на турнирот во Италија, доби највисока парична награда во историјата на тенисот од 4.740.300 долари.

Новак Ѓоковиќ стана и најбогатиот тенисер во историјата со вкупна заработка од наградните фондови кои ја преминуваат сумата од 160 милиони долари.